Со автомобил слетале во Дунав, едниот е извлечен, другиот уште не


Страшна сообраќајна несреќа се случила пред во Велико Градиште, Србија кога автомобил во кој се превезувале двајца млади луѓе излетал од патот и завршил во Дунав.

Сообраќајната несреќа се случила нешто по 9 часот кога од засега непозната причина автомобилот завршил во водата.

„Засега не се знае како дошло до несреќата, но се знае дека еден патник е извлечен од студениот Дунав, додека другиот се уште не е извлечен и постои сомневање дека е повреден“, велат извори од местото на несреќата, додавајќи дека во моментов сè уште се на терен полицијата, пожарникарите и екипажот на брзата помош.

Има и дежурен обвинител од Основното јавно обвинителство Велико Градиште.