Сноуден доби син: Најдобар божиќен подарок


 

Американскиот свиркач Едвард Сноуден и неговата сопруга добија син, а со фотографиите објавени денеска на социјалните мрежи оваа информација ја споделија со јавноста.

„Среќни празници од нашето новопроширено семејство“, напиша Миндзи Милс, сопругата на Сноуден, споделувајќи на Инстаграм фотографија на која држат новороденче.

„Како што очекувавме, во неговото семејство дојде принова. Едвард и Линдзи добија син. Мајката и бебето се во одлично здравке“, јави денеска руската агенција Интерфакс, повикувајќи се на адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучарена, пренесе Ројтерс.

Едвард Сноуден минатиот месец најави дека ќе бара руско државјанство за него, сопругата и семејството.

Двојката нагласи дека се плашат оти може да бидат разделени од синот, во ера на епидемија изатворени граници, ако не станат двојни американско-руски државјани.

Русија веќе му одобри постојан престов на Сноуден, што е прв чекор до државјанство.

Сноуден (37) побега од САД, затоа што како службеник на американската Национална безбедносна агенција (НСА), во 2013 година објави строго доверливи податоци за методите кои ги применува американската тајна служба, вклучително и нелегални прислушкувања на странски лидери.

Американските власти со години се обидуваат Сноуден да го извадат пред суд поради шпионажа за што е обвинет во 2013 година, потсети Ројтерс.