Снежна бура во Словенија


Големи количини снег паднаа во некои делови од Словенија кои го отежнаа сообраќајот, а полни раце работа имале зимските служби и пожарникарите.

Најтешко е во општините Солчева, Велење, Војник, Крањ, Подвела, Равне на Корошкем, Жалац и Марибор, пренесува порталот 24UR.

Како што се наведува, кај надлежните служби пријавени се 17 инциденти, а покрај професионалните противпожарни бригади, ангажирани биле и 11 доброволни.

Најмногу работа имало за отстранување стебла кои паднале под тежината на снегот и ги блокирале патиштата.

Во регионот Савињска паднаа 40 см снег, додека на планините измерени се и повеќе од половина метар.

Во моментот, патиштата се проодни, но се советува внимателност на патот.