Снегот веќе прави проблеми во сообраќајот во Босна и Херцеговина


Дождот и лапавицата што претпладнето го зафатија подрачјето на Босна и Херцеговина предизвикаа проблем на повеќе патни линии.

Во градот Беговина (Пале-Јахорина) сообраќајот е во прекин поради снег и лоши временски услови за сите категории возила. 

Исто така, во прекин е сообраќајот за сите категории возила на делницата Власеница-Хан Пијешак во Хан Поглед. На локациите се испратени екипи за оперирање на патиштата, соопшти БиХАМК.

Денеска се очекува претежно облачно време, а утре се очекува слично време со врнежи од дожд и лапавица, а на повисоките места слаб снег. Во Херцеговина и југозападниот дел на Босна умерен дожд, а во останатиот дел од земјата слаб северен и североисточен ветер.

Во вториот ден од викендот се очекува претежно сончево време кога утринската температура треба да се движи од минус три до три степени, на југ до шест, а во текот на денот од четири до 10, а на југ до 14 степени.

Се повикуваат возачите да возат максимално внимателно и да го држат растојанието меѓу возилата, со напомена дека зимската опрема е законски задолжителна од 1 ноември, без разлика на временските услови.