Снег ја изненади Австралија


Студено време со врнежи од снег стигна на источниот дел од Австралија, а снег паѓа на подрачјето на суптропски Квинсленд.
Последен пат во оваа држава значителна количина снег падна пред пет години, па глетката на Квинсленд под снег е реткост.
На луѓето кои живеат во овие делови на Австралија речено им е да останат дома, поради силните дождови и ветрови. Подрачјето кои го опфаќа предупредувањето опфаќа 1.000 километри земја покрај брегот, вклучително и Сиднеј.
Властите влеат дека снег паднал и во градот Станторп, 220 км југозападно од Бризбен.
температурата е близу нула степени Целзиусови.
На Сината планина се формира снежна покривка од пет сантиметри, па многу патишта се затворени.
Силни ветрови пак има по должината на брегот на Нов Јужен Велс.
Во јуни во Австралија почнува зимата. а претходното лето го одбележаа рекордно високи температури, суши, поплави и пожари.