Смокинг со патики во Венеција: Продуцентот Бред Пит со стил како никој друг

Италија– Бред Пит присуствува на Венецискиот филмски фестивал во необична улога, не како актер туку како продуцент на е еден од најочекуваните филмови на Мостра – „Русокоса“ на Ендрју Доминик, кој синоќа доби долги 14-минутни овации за време на светската премиера . Филмот е уште еден биографски филм за прочуената Норма Џин, со уметничко име Мерилин Монро, заснован на романот на Џојс Керол Оутс од 2000 година и со Ана де Армас во главната улога.
За Мостра која во моментов е центар на филмската култура во светот избра необична комбинација- смокинг со патики „Адидас“. Претходно, на европската турнеја за филмот Bullet Train , исто така импонираше со стилот, дури на црвениот килим облече и здолниште.
Пред светската премиера на филмот, Бред Пит, Де Армас, режисерот Ендрју Доминик, Адриен Броди и Џулијан Николсон привлекоа метеж на црвениот тепих – со обожавателите кои бараа автограми и по некој самослик.
По прикажувањето, освен Армас и Броди се расплака, а Пит беше видно задоволен.
Филмот ќе се прикажува во одредени кина почнувајќи од 16 септември, пред да стане достапен на Нетфликс на 28 септември. Тој е еден од многуте кандидати за Оскар што се прикажуваат во Венеција, каде што исто така е меѓу филмовите за награди на фестивалот на 10 септември.
„Станува збор за несакано дете кое станува најпосакуваната жена на планетата“, забележа режисерот- оскаровец (Ла Ла Ленд) во интервју за The Playlist претходно оваа година. „Тоа се обидува да создаде емоционално искуство да се биде таа, во рамките на нејзините недоразбирања“. Режисерот, исто така, се осврна на рејтингот на филмот NC-17 во истото интервју, признавајќи дека е „малку изненадувачки“ и припишувајќи ја заслугата на движењето #MeToo за тоа што ја доби Русокоса пред камери и покрај неговата тешка тема.
„Мислам дека на луѓето им беше навистина непријатно како „Русокоса“ прикажа одредени американски свети крави“, забележа Доминик. „И тогаш стана златен момент кога не беше важно дали се свети крави или не, и затоа беше направен, што дозволи тоа да се случи на крајот“.

Пред да ја избере Де Армас за Монро во 2019 година, на кастинг листата на Доминик беа Наоми Вотс и Џесика Честејн.