Словенија предлага „европски Нетфликс“ за зајакнување на дигиталната сувереност
Словенија– На Европа и е потребна сопствена платформа за стриминг како Нетфликс (Netflix), соопшти словенечкото претседателство со Европска Унија.
Словенечкото претседателство со ЕУ предложи европските метрополи и Европска Комисија да размислат за формирање европска онлајн платформа за филмови, се наведува во документот до кој дојде Политико (Politico.eu).
Во документот од 1 октомври директно не се споменува Нетфликс или која било друга странска платформа за стриминг. Но, во документот и се сугерира дека земјите-членки на ЕУ и ЕК треба да „размислат за европскиот дигитален и технолошки суверенитет“ и да поттикнат воспоставување европска платформа за стриминг со европска содржина „за што е можно повеќе европски граѓани“.
Американските платформи Нетфликс и Амазон Прајм (Amazon Prime) се најголемите платформи за стриминг во Европа со повеќе од 80 милиони претплатници. На третото место е Дизни Плус (Disney +) со 10 милиони европски претплатници.
Европските радиодифузери се ограничени со територијални правила кои ја ограничуваат дистрибуцијата на содржинi, додека странските платформи емитуваат низ целата Унија. Словенија оценува дека земјите-членки на ЕУ и ЕК мора повеќе да направат за да ја зачуваат културната разновидност на содржини достапни за Европејците и да промовираат локални содржини.