Словенецот Домен Превц ја „прелета“ Планица. Погледнете го најдолгиот лет во историјата на ски скоковите

Словенецот Домен Превц постави светски рекорд во натпреварувањето во ски скокови на скокалницата Планица. Летот, каков што досега не е виден, заврши со слетување на 254,5 метри, со што е поставен нов рекорд во должина на ски летови. Претходниот рекорд го држеше Стефан Крафт, кој пред осум години во Викерсунд прескокна 253,5 метри.
Рекордната должина на летот сепак не беше доволна за Превац да победи пред домашната публика. Словенците славеа победа на Анже Ланишек, кој со скоковите заработи два бода повеќе од второпласираниот рекордер. Третото место го освои Германецот Андреас Велингер.
„Го сакав тоа повеќе од сè друго. Не знам што се случи. Магично. Ако можеше да го направиш тоа на последниот скок во Планица… Ќе спијам добро денес, утре нема да ме разбудат шест будилници”, изјави победникот на Малиот глобус за вкупниот пласман на летот по скокот. Големиот го освои Австриецот Даниел Цофениг.
По првата серија веќе беше јасно дека ова ќе биде нова словенечка прослава откако Ланишек поведе пред Превац, а потоа словенечките летачи направија борба која тешко ќе се повтори.
Domen Prevc’s FIS World Record #skijumping #skijumpingfamily pic.twitter.com/s1uCkige7W
— Devi(L)🇵🇱✝️⚽ 🇵🇱🇧🇷 #1ga (@redd3vil777) March 30, 2025
Домен Превц слета на 254,5 метри и го собори светскиот рекорд на Стефан Крафт, а Ланишек одлично одговори на предизвикот. Тој полета од пониска полетна точка и слета на 241,5 метри. За неговиот одличен стил на летање, тој доби три 20-ки и го победи Превац со 7,1 поен. Тоа беше втора победа за Ланишек сезонава.