Словачкиот премиер Фицо е пронајден. Се наоѓа во Виетнам во луксузен хотел каде едно ноќевање чини 6.200 евра
Поминаа две недели откако Словаците последен пат знаеја каде е нивниот премиер. Канцеларијата на Владата одбиваше сподели оваа информација со јавноста каде е премиерот Роберт Фицо. Сепак, неговото последно видео откри дека се наоѓа во луксузен хотел во Виетнам.
Последната вест за неговите патувања беше посетата на Москва. Премиерот на социјалните мрежи сподели неколку видеа на кои им се обраќа на Словаците. Второто видеооткри каде всушност се наоѓа, пренесува словачкиот весник „Деник Н“.
Некои мислеа дека е во Дубаи, други во Москва, но се појавија информации и за неговиот престој во Виетнам. Според сликите, тој се наоѓа токму таму.
Неговото последно видео, во кое тој го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, е снимено во соба во луксузниот хотел „Капела Ханој“ во главниот град на Виетнам, Ханој. Тоа се откри од кулисите зад него по телевизискиот прилог на Би-Би-Си ворлд.
Точната локација ја открил еден од читателите на „Деник Н“ со помош на препознавање на завесите и старовремскиот телефон.
Хотелот „Капела Ханој“се наоѓа во центарот на главниот град и има пет ѕвездички и ресторан „Мишелин“. Уредниците на словачкиот дневен весник се обиделе да стапат во контакт со премиерот и директно се јавиле во хотелот.
Рецепционерката им го поврзала повикот со луксузниот апартман, но никој не кренал телефон.
Апартманот во кој се претпоставува дека се наоѓа Фицо се вика „Мадам батерфлај“, е со површина од 194 метри квадратни и се наоѓа на последниот кат од хотелот. Ноќевање во овој апартманчини приближно 5.500 евра. Откако ќе се додадат даноците, неговата цена се зголемува на 6.200 евра за ноќ.