Словачкиот парламент усвои закон против невладините организации

Словачкиот парламент денеска усвои закон за кој критичарите тврдат дека ќе биде штетен за многу невладини организации.
Законот го изготвија членовите на владејачката коалиција, а го одобри владата на популистичкиот премиер Роберт Фицо, кој често напаѓа невладини организации, пренесе Бета.
Организаторите на протестот во Братислава против законот тврдат дека нацртот е инспириран од рускиот закон, кој според нив „овозможува ликвидација на граѓанскиот сектор и претворање во криминалец на секој кој не е лојален на режимот“.
Владата соопшти дека законот е наменет за потранспарентно финансирање и функционирање на граѓанските групи.
Пратениците лојални на Фицо направија отстапки во последен момент отстранувајќи некои контроверзни делови од нацртот, вклучително и одредба дека невладините организации ќе се сметаат за лобисти без да дадат јасна дефиниција за тоа што е лобирање.
Во анализата на непрофитната организација „Виа Јурис“ се вели дека законот го крши уставот, вклучително и правото на приватност, слободата на изразување и правото на слободно здружување, како и правилата на Европската унија.
„Целта на законот е стигматизирање и ограничување на активностите на граѓанските групи“, се наведува во анализата.