Славниот дизајнер на чевли Серџо Роси почина од Ковид 19


Италија– Серџо Роси, основачот на истоимената модна куќа за производство на луксузни чевли, почина на 84-годишна возраст од последиците на коронавирусот, објави градоначалничката на Сан Мауро, Пасколи.

Претприемачот бил хоспитализиран пред една недела во болница во северна Италија, а починал синоќа. Пред еден месец дизајнерот донирал 100 илјади евра за болница во Милано.

Во текот на кариерата Роси соработувал со брендовите Версаче, Долче и Габана и со Азедин Алаја, a неговите чевли ги носеа од Ријана до Лора Дерн.

Во 1999 година, групацијата „Гучи“  (сега Керинг) купи 70 отсто од марката „Серџо Роси“ за 96 милиони американски долари, а во потоа во 2005 година ги откупи и останатите 30 отсто.