Слабеење без диета: Со овие совети ќе ја имате идеалната линија


Пролетта се ближи, а со тоа и големата желба телото да се доведе до совршенство.

Доколку во зимските месеци ви се „насобрале“ неколку килограми вишок, ви предлагаме да ги испробате овие 5 едноставни совети за слабеење и да се обидете да постигнете убава линија без исцрпувачки диети.

Совет 1: Прошетка секој ден
Не сме ни свесни колку малку се движиме, особено во зима. Користејќи јавен превоз или автомобил, просечен човек пешачи само околу 3 километри дневно, што е загрижувачки малку!

Лекарите препорачуваат секој ден да пешачите барем половина час, на умерено растојание. Ако можете да си дозволите да пешачите повеќе, особено со доаѓањето на поубаво време, дотолку е подобро за вас. Освен што има корисен ефект врз вашето физичко здравје, пешачењето ќе ве опушти и психички. А што се однесува до линијата, првите позитивни резултати ќе ги видите веќе по 20 дена секојдневно редовно пешачење.

Совет 2: Заборавете на слатките и соковите
Ако побарате совет од нутриционист, тој сигурно ќе ви каже: исфрлете ги слатките и соковите од исхраната… Едноставно!

Имено, шеќерот има висока калорична и ниска хранлива вредност – затоа, без разлика колку слатки јадете, многу брзо повторно ќе почувствувате глад. Можеби е тешко да се откажете од слатките, па кога ќе почувствувате криза, земете лажичка мед или коцка темно чоколадо. Така „кризата“ побрзо ќе ве одмине, а вие ќе се чувствувате фантастично.

Соковите се исто така еден од „смртоносните гревови“ на лошата исхрана, особено газираните. Тие се едноставно непотребни во дневното мени. Единствениот сок што можете да го пиете без чувство на вина е лимонадата со лажичка мед и малку цимет. Тој пијалок дури ќе го забрза метаболизмот, а со тоа и слабеењето.

Совет 3: Додадете морска сол во вашата исхрана
Верувале или не – морската сол игра голема улога во слабеењето. Имено, морската сол му помага на телото да создаде дигестивни сокови, така што храната што ја јадете се вари побрзо. Го спречува таложењето на храната во дигестивниот тракт, што придонесува за побрзо слабеење.

Морската сол, покрај тоа, предизвикува потреба од хидратација, па пиеме повеќе вода и затоа имаме помала потреба за јадење. Делува и како лаксатив, па затоа се препорачува наутро да се исчистат цревата со солена вода.

Совет 4: Јадете 5 мали оброци здрава храна во текот на денот
Нутриционистите велат: „Планирајте ги оброците! Зошто? Затоа што на тој начин нема да се случи брзо да купите храна во пекара или да изгладнете, а потоа да јадете се што ќе ви дојде при рака.

Кога одите на работа, подгответе сендвичи од домашни производи и кафеав леб, здрави грицки, лимонада и слични здрави оброци. Планирајте го вашето дневно мени така што во периодот од 8 наутро до 7 навечер да јадете 5 мали оброци, со тоа што после 19 часот не јадете ништо. Тоа секако ќе придонесе за побрзо слабеење.

Совет 5: Потопете се во купка со морска сол еднаш неделно
Благодарение на својот состав, морската сол го поттикнува излачувањето на вишокот течност од кожата и сврзното ткиво, со што се спречува таложење на течности, а кожата станува посилна, помазна, поцврста, помека и поздрава. Минералите од солта се врзуваат за клетките на кожата, па таа станува посјајна и кадифена.

Од истите причини, бањата со морска сол промовира губење на тежината и доведува до намалување на изгледот на целулитот и регенерација на кожата, со антицелулитни и анти-старечки ефекти. Исто така, оваа бања го стимулира метаболизмот и чистењето од токсините од црниот дроб, бубрезите и кожата.

Како да направите бања со морска сол? Бања со морска сол се препорачува еднаш неделно. Растворете 300 до 500 грама морска сол во топла вода, а потоа полека додајте ладна вода за да ја достигнете оптималната температура (35 до 37°C). Доволно е да бидете во бањата 20 до 30 минути.

Не ја занемарувајте ниту кожата на лицето! Земете крпа, натопете ја во солена вода и ставете ја на лицето. Ако можете – опуштете се уште 30 минути по бањањето.