(Видео) Октоберфест само што почна, а веќе хаос: Скршени глави, исеченици и 50 интервенции
Само што официјално беше отворен Октоберфест во Минхен, медицинските служби веќе имаа полни раце работа. За неполни три часа од почетокот на најпознатиот фестивал на пивото во светот помош морале да побараат околу 50 луѓе, а меѓу нив имало и посетители со тешки повреди
Според податоците од здравствената служба, евидентирани се голем број итни хируршки интервенции. Лекарите ги лекувале посетителите со повреди на главата, длабоки исеченици и повреди на лицето, додека едно лице претрпело тежок напад на грчеви, пишува магазинот Феникс.
Многу од повредите, според службите за итни случаи, се случиле за време на традиционалното брзање кон фестивалските шатори, познати како Wiesn-Einlauf. Станува збор за моментот кога по отворањето на влезот голем број посетители трчаат кон шаторите обидувајќи се да ги заземат најдобрите седишта и маси. Токму во таа гужва беа повредени голем број луѓе.
Auf zum #Oktoberfest2026 – um 9.08 Uhr sind die ersten Besucher am Eingang neben dem Schützenzelt auf die Wiesn gerannt. @tonline https://t.co/2QXLYhQd27
— Philip Buchen (@Philip_Buchen) September 19, 2026
И покрај бурниот почеток на фестивалот, баварскиот премиер Маркус Седер го посети и медицинскиот центар на Терезиенвизе.
Во друштво на сопругата Карин Баумилер ги посети дежурните медицински екипи и им пружи поддршка во работата.
Овогодинешното издание на Октоберфест започна со зголемени безбедносни мерки, а посетителите ги пречекаа високите цени на пивото. Литар во некои фестивалски шатори достигнува 15,90 евра.