Скратено работно време не може да успее, Шведска открива зошто


Премиерката на Финска, Сана Марин повторно започна дебата за воведување на скратено работно време. Четиридневна работна недела или работен ден од шест часа звучи како утопија, но некои земји веќе успеаја да го реструктуираат работното време. Исто така, има и земји кои размислуваат за воведување вакви системи, особено сега кога пандемијата целосно го промени концептот на работно време. Од друга страна, многумина заборавија дека Шведска одамна го тестираше овој модел и постои важна причина зошто никогаш не успеа.

Промената на работно време се заснова на хипотеза дека може да се зголеми продуктивноста ,а Финска сега е дефинитивно една од земјите што сериозно го разгледува овој модел .

Сепак, постојат услови: во некои земји работната недела трае четири дена, но сепак има 40 часа, што значи дека наместо пет дена по осум часа, ќе работат четири дена по десет часа.

Данска и Холандија се често познати како земји со скратено работно време, односно кратка работна недела, но податоците од 2018 година покажуваат дека кога станува збор за работа со цело работно време, Данците во просек неделно работат 37,2 часа.

Во Холандија просекот е 37,3 работни часа, а Холанѓаните се сметаат за луѓе со добра рамнотежа помеѓу работата и слободното време.

Економистите веруваат дека скратеното работно време ќе предизвика поголема побарувачка на труд и вработување. Покрај тоа, принудувањето на вработените да работат премногу води не само кон замор и стрес, туку и до почести грешки и повреди, а паѓа и продуктивноста.

Истражувањата покажаа дека оние кои секојдневно работат по 11 часа имаат двојно поголем ризик од депресија и срцеви заболувања.

Шведска експериментираше со шестчасовен работен ден две години: група вработени добија исти плати и работеа помалку часови. Меѓутоа, кога истече експерименталниот период, беше вратена работната недела од осум часа.

Проектот првенствено беше насочен кон медицинскиот персонал кој веќе е во недостиг – и да, оние медицински сестри кои работеа со скратено работно време беа попродуктивни, трошеа помалку време на боледување и организираа дури 85 проценти повеќе активности на работа.

Во исто време, се создадоа и нови работни места.

Сепак, проектот бргу се соочи со жестоки критики, што првенствено се засноваше на фактот дека трошоците ги надминуваа придобивките од пократката работна недела за глобалната економија.
Накратко, пократка работна недела – Шведска го покажа тоа – е премногу скапа.

Триесет и петчасовната работна недела во Франција е контроверзна од кога беше воведена пред 20 години. И малите и големите компании постојано се жалеа дека конкурентноста е намалена и дека дополнителните трошоци се бројат во милијарди.

Експериментот беше внимателно следен на глобално ниво, а активистите за работни права ја наведоа напредната Шведска како модел за намалување на работното време. Како и да е, самите Швеѓани сфатија дека – колку и да звучи погубно – ласкањето на просечниот работник со скратување на работното време не е исплатливо. (Нова ТВ – Белград)