Скопска зоолошка: Џуџестите мармозети добија близначиња


Скопската зоолошка градина утрово сподели прекрасни вести – добија принова!

„Принова кај најмалите мајмунчиња на светот: Еден од нашите парови џуџести мармозети доби близначиња, информираат од Скопје ЗОО преку објава на Фејсбук.

Џуџестите мармозети се сметаат за најмали мајмуни на светот и тежат најмногу до 100 грама.

Токму затоа, како што посочија од Скопската зоолошка, и двете бебиња се уште се тешко видливи со голо око.

„Тие постојано се не на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група“, додаваат од таму.