Скопје по трет пат ќе наздравува со виски во „Мериот“

Овој викенд, 3 и 4 ноември, Боттега Евенти го организира 3-тото издание на Skopje Whiskey Fest, во хотел Мериот, со почеток од 18:00-00:00.
Ова е досега можеби и најбогатото издание на фестивалот со преку 90 етикети на виски пијалаци од повеќе дестилерии ширум светот, претставени од виски увозниците во земјава, кои посетителите ќе можат да ги дегустираат во текот на двата фестивалски дена. Освен виски дегустации, на Skopje Whiskey Fest посетителите ќе имаат можност да дегустираат и останати производи кои се комплементарни со овој пијалак.
Исто така во склоп на фестивалот се организирани и посебни мастер класови кои ќе ги одржат регионални бренд амбасадори на виски брендовите кои за оваа прилика сепцијално допатуваа во Скопје. Организаторот подготви внимателно одбрана музичка програма за петок и сабота. Петок e ден за блуз, а сабота е ден за рок.
Предвидени се и останати хедонистички активности, како што е Сензорната соба, каде што посетителите ќе можат да ги разбудат сите сетила.
За прв на на Skopje Whiskey Fest ќе има и организирани натпревари за професионалци и публика. Во петок ќе биде натпреварот за бармени – односно натпревар за главните протагонисти на овој фестивал кои стојат зад виски пултовите и ја пренесуваат приказната за виски брендовите. Тие ќе се натпреваруваат во правење на најдобар Whiskey Sour. Во сабота организаторот Боттега Евенти ќе ја вклучи и публиката во забавен виски натпревар – “Whiskey blind tasting”.
Фестивалот ќе биде затворен со веќе традиционалната хуманитарната аукција на отворени виски шишиња – “Последен дегустатор”. Сите средства од аукцијата ќе бидат наменети во хуманитарни цели.