Скопје ќе се раззелени со повеќе од 15.000 садници


Со есенската акција за садење, Скопје ќе го раззеленат нови 15.338 висококвалитетни садници на многу различни локации низ градот.
Со поставување на повеќе видови на листопадни и зимзелени и други видови садници, целта е успешно да се обнови загубеното зеленило и градот да се збогати со повеќе чисти зелени површини кои можат да имаат само позитивен ефект врз здравјето на нашите граѓани, соопштија од Град Скопје.