Скопјанката Симона глуми во новиот блокбастер на Марвел


Скопјанката Симона Живковска глуми во блокбастерот „Црната вдовица“ на студиото „Марвел“ со Скарлет Јохансон во насловната улога, чија премиера е закажана за 1 мај 2020 година. Веста на својата интеренет-страница ја сподели нејзиниот агент од групацијата за ловење на таленти „ИАГ“ која работи на територијата на Обединетото Кралство и во Соединетите Американски Држави.
Таа повеќе години живее во Лондон, а во моментот е на сет на новиот блокбастер на „Марвел“.
Симона Живковска е родена во Скопје во 1994 година. Има двојно потекло – од Македонија и западноиндиско (Св. Мартин). Во 2001 година се преселила во Велика Британија. Првото телевизиско искуство ѝ било на 17 години во драмата „Моето убиство“ во продукција на Би-би-си.