Сите зборат за мускулите на Никол Кидман – елегантната оскаровка во фит форма


 

САД– Оскаровката и модна икона, Никол Кидман (55) ја покажа својата фит фигура во фотосесија за насловната страна на магазинот „The Perfect”.

На фотографиите во фокусот е нејзиното мускулесто тело, облечена во парчиња од Diesel, во неколку аутфити, од кои дел повеќе откриваат отколку што покриваат.

Уште еден специфичен момент кој естетиката на овие фотографии ја прави неконвенционална, е фризурата на актерката, во за неа препознатливата црвена нијанса, која во текот на фотосесијата се трансформира од ултра долга коса во комбинација со боб и шишки. Станува збор за перика, иако на почетокот на кариерата, Кидман ја паметиме по светлоцрвената и со локни фризура. 

Овој изглед на актерката повлече лавина на различни коментари, што истовремено потврди дека Кидман секогаш знае како да „крене прашина”.