Сите Севернокорејци во Курск би можеле да бидат убиени за 3 месеци – борбите се страшни (видео)
Целиот севернокорејски контингент од околу 12.000 војници кои во моментов се наоѓаат во рускиот регион Курск би можел да биде убиен или ранет до средината на април 2025 година доколку севернокорејските сили продолжат да претрпуваат големи загуби во тековните жестоки борби, проценува американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната.
North Korean infantry attacks Ukrainian positions in Kursk. This is yet another confirmation that it is not just “Ukrainian probelm.” When dictators joined to destroy a sovereign democratic country, it becomes the problem for the entire world. Because the next question is who is… pic.twitter.com/yUZ4zufo2e
— Roman Sheremeta 🇺🇦🇺🇸 (@rshereme) December 14, 2024
Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на месецот рече дека 3.800 севернокорејски војници биле убиени или ранети во руската област Курск, која украинските елитни бригади ја нападнаа на почетокот на август минатата година и зазедоа околу 100 населени места.
Борбите се брутални
Оттогаш Русите започнаа контраофанзива и вратија околу половина од загубената територија. Сепак, сѐ уште се водат жестоки битки, а рускиот Курск е еден од најактивните фронтови во руско-украинската војна.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на 5 ноември минатата година изјави дека севернокорејските сили биле вклучени во „мали“ судири во областа Курск, но руските воени блогери почнаа да известуваат на почетокот на декември дека севернокорејските сили учествуваат во позначајни борбени операции.
Севернокорејците трпеа приближно 92 жртви дневно откако почнаа да се впуштаат во значителни борби на почетокот на декември минатата година, проценува Институтот за проучување на војната.
Се верува дека Северна Кореја преселила приближно 12.000 војници во регионот Курск, така што целиот севернокорејски контингент во регионот би можел да биде убиен или ранет за околу 12 недели, или околу средината на април 2025 година, под услов севернокорејските сили да продолжат да трпат слични загуби во борбите, проценува ISW.
Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (НИС) пред неколку дена објави дека 300 Севернокорејци досега се убиени во акција, а 2.700 се ранети во борбите во областа Курск.
Севернокорејските сили најверојатно ќе продолжат да страдаат од поголем сооднос на ранети спрема мртви во борбите, а моментално не е јасно дали и кога повредените севернокорејски војници ќе се вратат во борба, се вели во соопштението на ISW.