Сите ја правиме оваа грешка: Продолжете го рокот на траење на купеното сирење и кашкавалот


Многу кашкавали и сирења во продавниците се сечат на помали парчиња и се продаваат завиткани во пластична фолија – делумно од практични причини, делумно за да можат клиентите да видат што всушност избираат. Но, тоа не значи дека треба да ги оставите во истата пластика кога ќе ги донесете дома.

Експертите тврдат дека пластичната фолија е лош избор за чување кашкавалот/сирењето.

Проѕирната пластична фолија го прекинува доводот на воздух, што е исклучително важно за одржување и продолжување на свежината и интегритетот на кашкавалите сирењата, особено на поцврстите и подебелите. Проѕирна пластична фолија ја пропушта светлината, што дополнително може да го оштети изгледот и вкусот на кашкавалот.

И на кашкавалот и на сирењето му треба одредена количина на влага, но ако вишокот на влага се „зароби“ во фолијата, ќе станат лигави, скапани и мувлосани.

Безбедно е да се јадат само благородни сини сирења како Рокфор и Горгонзола, а не оние кои се „поплавени“ поради несоодветно складирање.

Наместо пластична фолија, сирењето или кашкавалот завиткајте го во хартија за печење, а по желба ставете го во херметичка кутија и чувајте го во фрижидер. Не само што ќе спречите сушење или расипување, туку и млечните мирисите да се шират низ остатокот од фрижидерот.

Цврстите сирења како пармезанот се продаваат исечени во вакуумски затворени пластични пакувања – и се совршено безбедни во нив се додека се неотворени и ставени во фрижидер. Кога ќе го отворите пакувањето, префрлете го сирењето во стаклен сад со соодветен капак или завиткајте го во малку навлажнета памучна крпа за да не се исуши.

Додека технички повеќето сирења може да се замрзнат за да се продолжи нивниот рок на траење, одмрзнувањето ја менува бојата, текстурата и вкусот на самиот производ, што може негативно да влијае на нивото на уживање. Подобро е да купите помали количества сирење што можете да ги јадете за пократок временски период, отколку да ги ставите во замрзнувач.