„Сите 1.200 работници остануваат без работа“ – „Геокс“ официјално им се обрати на вработените во Врање

„Геокс“ ги извести работниците дека е донесена одлука за започнување постапка за ликвидација и за гаснење на друштвото во Врање, пишува белграддски „Блиц“.
Покрај објаснувањето за континуираното намалување на производството, кое беше дополнително намалено за време на пандемијата, се наведува и дека на работниците им престанува работниот однос и дека за тоа индивидуално ќе им биде доставено решение.
Оваа објава е првото „официјално“ обраќање до вработените во компанијата во Врање. По двомесечни шпекулации и потврда од државниот врв, италијанската фабрика дефинитивно го напушта Врање, додека вработените ќе можат да го остварат правото на надомест преку Националната служба за вработување, објави Интернет -списанието Врање (ВОМ).
Во меѓувреме, беше објавено дека во Врање наместо „Геокс“ ќе дојде нов инвеститор и дека повеќето од работниците кои во овој момент останаа без работа ќе најдат нова работа.
„Што се однесува до Геокс, две работи се важни овде, прво моравме да привлечеме инвеститори, денес имаме капитални инвестиции, денес е поинаку, но со помош на субвенции имавме вработени. Што се однесува до работниците на Геокс, јас одам во Врање на 15 или 20 септември, повеќето работници ќе добијат работа, разговараме со Германците и Турците, и тие ќе имаат повисоки плати. Ќе го решиме тој проблем“изјаи претседателот Вучиќ синоќа за РТС, пренесува „Блиц“.
Добиле 9.000 евра по вработен
Според договорот со Владата на Србија од 2012 година, „Геокс“ добил 11,25 милиони евра од државата, односно субвенција од 9.000 евра по вработен за инвестиција од 15,8 милиони евра, со обврска да вработи најмалку 1.250 лица.
Во јануари 2016 година започна производството во „Геокс“, односно во Tehnik development, како што се вика компанијата на „Геокс“ регистрирана во Србија. На крајот на 2016 година, беа вработени 1.278 работници, на крајот на 2017 година вкупно 1.340, потоа следната година 1.269, потоа во 2019 година 1.283 и на крајот на минатата година 1.300 луѓе.
„Геокс“ е осмата компанија што ја напуштила Србија практично преку ноќ. „Блиц“ пишува дека речиси сите претходни имале иста тактика како да заминат, да ги остават долговите и работниците да останат „на цедило“.