Систина се вклучува во третман на поврдените во пожарот во Кочани

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ соопшти дека со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.
-Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Нашите три амбуланти возила се во постојана комуникација со медицинските центри од Штип и Кочани од каде ќе се преземаат тешко повредени пациенти, наведуваат од болницата.
-Вратите на Клиниката „Жан Митрев“ се отворени за секого кому му е потребна медицинска помош, а нашиот тим е подготвен да одговори на секој повик со највисоко ниво на грижа и посветеност. Веќе неколку лица од несреќата се згрижени во нашата клиника. На располагање ги ставаме и амбулантни возила на Клиниката за да стигнеме до сите на кои им е потребна помош, соопштија од Клиниката „Жан Митрев“.