Синер се изнамачи да го мине Кецмановиќ во 1.коло на Вимблдон


Лондон – Бранителот на шампионскиот трофеј на Вимблдон од минатата година, Јаник Синер со тешка победа ја почна одбраната на титулата.

Синер се изнамачи да го мине 1.коло во мечот против Милош Кецмановиќ. Италијанецот мораше да одигра 3 часа и 32 минути и дури по пет сета (3:2) да го совлада жилавиот противник.

А, дека српскиот тенисер ќе биде тежок противник, Кецмановиќ го потврди го доби првиот сет со 6-4. Италијанецот возврати во вториот со 6-3. Но, во третиот беа одиграни максимални 13 гема, а Кецмановиќ го доби во тај-брејк со 8-6 на поени. Сепак Италијанецот потврди зошто е најдобар во светот, па наредните два сета ги реши во своја полза со 6-2 и 6-3.

Во следната, втора, рунда Синер за противник ќе го има Португалецот, Нуно Боргес.

По првиот натпреварувачки ден, од носителите, настапот заврши за 11-тиот Каспер Руд. Норвежанецот во три сета загуби од Хуберт Хуркач од Полска.