Синер преку Манарино до четврт финале на турнирот во Синсинати

Синсинати – Првиот светски рекет, Јаник Синер синоќа го победи Французинот Адриан Манарино во четвртото коло од турнирот во Синсинати.
Мечот траеше 1 час и 51 минута и заврши со резултат 2-0, по сетови 6:4 и 7:6 (7:4).
Противникот на Италијанецот ќе биде Феликс Оже-Алиасиме (Канада) кој го совлада Бенџамин Бонци (Франција) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.
Во презакажаниот натпревар од третото коло, Американецот Бен Шелтон го победи Шпанецот Роберто Баутиста Агут — 7:6 (7:3), 6:3. Неговиот следен противник ќе биде Чехот Јиржи Легецка.
Четвртфиналисти во Синсинати станаа и Александер Зверев (Германија), Карлос Алкараз, Андреј Рубљов (Русија), Холгер Руне (Данска) и Теренс Атман (Франција).