Синер: Победата во три сета многу ми значи
Лондон – Најдобриот светски тенисер Јаник Синер одигра уште еден тежок меч, откако во првото коло победи по пет сета игра, вчера славеше победа во три сета, а првите два ги доби во тајбрејк. Неговиот противник Нуно Боржес од Португалија се покажа како цврст противник.
Синер првиот сет го доби со 7:6 (4), а во вториот беше поуспешен со 7:6 (2), додека третиот го заврши со 6:4.
Многу сум среќен, вториот сет беше исклучително тежок. Многу сум среќен. Победата во три сета многу ми значи, сега следи одмор и подготовка за следниот меч, изјави Синер
Во следното коло Синер ќе игра против Американецот Џејсон Бруксби.
Пласман во следната рунда обезбеди и Данил Медведев со победата од 3-1 во сетови против Давид Агилар.