Синдикалната кошница “изгор”, за еден месец поскапе 630 денари, сега е 65.328 денари


Фото: Б. Грданоски

Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец (јуни 2025) кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. 

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80 703 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница (СМК) за храна и пијалаци, за 63-те производи кои ги следи СМК,  за јули 2025 изнесува 23.682 денари и споредено со јуни 2025 (23 167 денари) е зголемена за   515 денари. 

-Од  податоците на синдикалната минимална кошница  евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20 проценти,  додека кај храната и пијалаците за три месеци има зголемување за 2.202 денари односно за 10,25 проценти, наведува ССМ.