Сиљановска побара она што го прави НАТО да го прави и ЕУ
Претседателкаата денеска ѝ упати критика на Европската унија барајќи од неа да ги спроведува стандардите за кои се залага, како што тоа го прави НАТО. Гордана Сиљановска-Давкова беше на воената вежба „Блесок 26“ и рече дека Армијата ги исполнува сите стандарди на НАТО и дека таа е во компатибилност со армиите на Алијансата.
Во изјавата таа ги спореди НАТО и ЕУ и побара Копенхашките критериуми да важат за сите.
„Мојата порака е она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхашките критериуми.Ако нас нè оценуваат според исполнувањето на Копенхашките критериуми, мислам дека поинакви оценки ќе добиеме. Врочем, ако не се почитуваат високите стандарди, ако се внесуваат двојни стандарди и ако оценувањето не е според исполнувањето на стандардите, туку според барањата и потребите на соседите, имаме сериозен проблем со почитувањето“, нагласи таа.
Според неа, стандардите треба да важат во сите можни институции, вклучувајќи ја и Европската унија.
„Во рамките на НАТО ние сме високо профилирани, иако сме мала држава. Посакувам, доколку сме подведени под стандарди што важат за сите, да ја докажеме исто така нашата компатибилност и со европските политички системи и со стандардите на Европската унија“, порача Сољановска.