Силјановска не признава два победника на изборите


Наспроти тврдењата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, дека за Влада е потребно двојно мнозинство, обично и Бадентер, кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова, е смета дека тоа е важно за формирањето на идната влада. 

„На изборите има само еден победник. Нема двајца победници, ниту имало, ниту треба да има, а двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации кога се носат закони или се решаваат прашања кои се директно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти. Формирањето на Владата не е такво прашање, и ние треба да имаме влада како сите во ЕУ, а тоа најмногу треба да го заговараат оние кои се декларираат со придавката европски. Во владата треба да има место за Албанците, но и останатите етнички заедници, јас од секогаш сум го велела тоа“, изјави Силјановска-Давкова.