Силен земјотрес ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 21 јануари 2025 година во 21:38 часот, во западна Турција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 39,3717 и географска должина 26,3013. Земјотресот е на 13 километри од гркото место Митимна со 1.500 жители и 135 км од Маниса, Турција.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 6 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.