Силен земјотрес го погоди Фиџи


 

Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска Фиџи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 186 километри северно од Сувс, главниот град на оваа островска држава, на длабочина од 40 км, се наведува на веб-страницата на EMSC.

За сега нема информации за евентурални жртви или материјална штета.