Швеѓани држеле деца во изолација девет години
Извештаите за двојка која девет години во изолација ги држела децата, не им дозволувале да одат во училиште, ја шокираше Шведска, а се поставува и прашањето до локалната власт, зошто не се реагирало.
Според серија написи во весникот Sydsvenskan, четири од петте деца на двојката сместени во домови минатиот август, откако локалните служби влегле во нивната куќа во предградие на градот Истад.
Децата, тогаш на возраст од 10 до 16 гоини, немале никакви социални вештини, „едвај знаеле да читаат, да пишуваат и да сметаат“, а се покажало и дека не знаат да користат пари, како да си ги врзат врвците од чевлите, како да одат во тоалет, вели извор од социјалните служби за весникот.
Медицинските приверки покажале дека тие речиси да немаат рамнотежа, а ни нозете не им се доволно силни за да ги држат исправени, што е покажател дека немале услови да вежбаат во текот на детството, ниту пак да се испраќаат.
На најстарото дете, кое сега има 19 години, му е дозволено да остане со родителите.
Според Денис Хјелмстром, кој штотуку почнал да работи во локалното училиште во Истад во 2017 година, родителите тврделе дека многу патуваат и дека децата посетуваат онлајн училиште со седиште во САД, но нему тоа му било сомнително, па решил да го провери тврдењето лани.
Тој вели дека родителите детално објасниле како учат девцата, што нему му се причинило сомнително. „Му пишав на директорот на училиштето во САД и не помина долго време кога откривме дека тие никогаш не го биле негови ученици“.
Тој одлучил да ги провери децата во куќата кога се враќал накај дома, па забележал дека иако куќата делува изолирано пред неа имало ѓубре кое изгледало свежо. Сосед му кажал дека слушнал детски гласови, но дека никогаш ги нема видено.
Мајаката на децата тврди дека локалниот совет претерува и зимислува и дека тие со семејството често патуваат низ Европа.
таа била на боледување од 2015 година, а нејзиниот сопруг пак десет години корисетл боледување.
Хјелмстром вели дека општината ги сменила процедурите за да превенираат и други вакви случаи.
„Донесовме нови правила со кои се вели дека мора да има пишан документ дека децата посетуваатс транско училиште. Не може повеќе да се потпреме само на тврдењата на родителите.“
Кристер Олофсон, шеф на одделот за образование во општината, за Expressen вели дека му е жал за тоа што се случило.
„Веројатно треба да застанеме цврсто на земја и да признаеме дека бевме наивни и верувавме на тврдењата на родителите. не приверивме, а тоа нѝ е најголема грешка“.