Шведска забележа најголем број инфекции од јуни наваму


Дневниот извештај за четвртокот вели дека има 752 новозаболени, но нема ниту еден починат, а и хоспитализациите се мали

СТОКХОЛМ – Шведска во четвртокот регистрираше 752 нови случаи со Ковид-19, што е највисок дневен пораст од јуни, покажаа статистичките податоци на Агенцијата за здравство, што е постојан пораст на инфекции во последните неколку недели по неколкумесечно ограничено ширење за време на сезоната на летни одмори.

Шведска, која беше европски исклучок во избегнување на заклучување и неподготвеност да препорача маски за лице, досега не забележала ваков вид на драматично зголемување во земјите како што се Франција и Шпанија, но хоспитализациите остануваат на ниско ниво.

Смртните случаи од Ковид-19, исто така, се забавија, ниту еден починат не беше забележан во четвртокот. Сепак, порастот на дневните случаи беше најголем од 30 јуни, кога Шведска регистрираше нешто повеќе од 800 нови случаи.

Главниот епидемиолог Андерс Тегнел, архитект на стратегијата за пандемија со мек допир, насочена кон ограничување наместо искоренување на болеста, рече дека зголемувањето на состојбата пред сѐ е поврзано со млади луѓе и жаришта на работни места.

„Многу нерамномерно се шири низ Шведска, погодувајќи различни делови на земјата во различен степен“, рече тој на прес-конференција. „Стокхолм уште еднаш учествува со голем дел од новите случаи во Шведска“.

Стратегијата за корона вирус во Шведска во голема мера се заснова на давање препораки и добивање информации до јавноста, искористувајќи го високото ниво на доверба на луѓето во националните и локалните власти и избегнувајќи ги правните обврски што е можно повеќе.

Во новиот пакет препораки, луѓето кои живеат со некој кој страда од Ковид-19 треба да се самокарантираат една недела за да избегнат ширење на болеста на нивните работни места, но децата треба да продолжат да одат на училиште, рече Тегнел.

Шведска регистрираше 5.893 смртни случаи меѓу пациентите со Ковид-19, стапка на смртност по глава на жител што е неколку пати поголема од нејзините нордиски соседи, но пониска од земјите како Шпанија, Италија и Велика Британија кои се одлучиле за заклучување. (Ројтерс)