Шведска: И по Лофен, Лофен
Кандидатот за нов премиер на Шведска, ултра-десничарот Улф Кристерсон соопшти дека се откажува од обидот да формира влада по падот на владата на левиот центар.
„Парламентарните услови за формирање нова влада на десниот центар не постојат“, потврди Кристерсон на конференција за новинарите.
Потоа, вршителот на должност премиер на Шведска, Стефан Лофен, доби мандат уште еднаш да се обиде да формира нова влада, соопшти денеска претседателот на парламентот Андреас Норлен.
Тој рече дека е можно за нова влада се гласа следната недела, пренесе Ројтерс.