Швајцарците запалија повеќе 11.000 свеќи за жртвите од Ковид-19


epa09628697 Activists lit almost 12,000 candles in memory of the people who died from COVID-19 in Switzerland, at Bundesplatz (Federal Square) in front of the Federal Palace, in Bern, Switzerland, 07 December 2021 (issued 08 December 2021). EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Повеќе од 11.000 свеќи – по една за секоја жртва на пандемија на коронавирус во Швајцарија – беа запалени синоќа пред швајцарскиот парламент во Берн.

„Сакаме да создадеме простор каде што ќе можеме да се сеќаваме и да жалиме за жртвите“, рече Сајмон Герен од движењето Корона-Манваче (корона бдеење).

Четириесет доброволци помогнаа да се постават свеќи на плоштадот кој е политички центар на Швајцарија. Сличен настан се одржа и минатата година.

Герен рече дека бдеењето е повик до владата да одговори посилно на зголемениот број на заразени.

Швајцарија, земја со околу 8,6 милиони жители, забележа нагло зголемување на нови случаи на коронавирус во последните недели.

Швајцарските власти вчера објавија дека 11.288 луѓе починале во земјата со потврден ковид-19 од почетокот на пандемијата.