Швајцарците се на пат да овозможат бесконечно производство на чоколадо од дел од зрното какао


За многумина чоколадото е незаменлив дел од новогодишните празници. Сепак, одгледувањето класично какао има своја горчлива страна. Според тоа, една швајцарска стартап компанија работи на алтернатива – производство на какао во прав во биореактор.

Станува збор за компанијата Food Brewer, чиј состав на какао е деловна тајна. Она што не е тајна е дека од костариканското какао се извлекуваат клетки кои повторно растат во биореакторот, односно се добива какао во прав кој може да се користи за производство на чоколадо или намаз. Целта на Food Brewer е да го индустријализира овој начин на производство на какао во прав.

Според ко-основачот на споменатиот стартап, Кристијан Шауб, овој процес може да се користи за бескрајно производство на чоколадо и тоа само од фракции на зрна какао. Со Шауб, кој е инженер, соработуваат и оние кои се занимавале со производство на пиво, бидејќи нивното искуство е многу добредојдено. Во догледна иднина, Food Brewer ќе се посвети на одгледување жито.

Сепак, пред тоа сакаат да го индустријализираат производството на какао во прав во биореактор. За да успеат во тоа, тие тестираат зрна какао кои се особено погодни за производствениот процес. Шауб верува дека ќе успее во својот план. Food Brewer не е единствената компанија која се занимава со производство на какао во прав во биореактор. Вакви компании постојат и во други делови на Швајцарија, Европа и Соединетите Американски Држави.

Шауб очекува дека првoтo какао во прав произведенo на овој начин ќе биде достапнo на американскиот пазар. Тој уверува дека тоа не ги загрозува традиционалните фармери на какао во Африка, Азија и Латинска Америка. Тој рече дека нивната цел е само да го намалат јазот меѓу понудата и побарувачката, пишува tagesschau.