Шумски пожар во западна Канада во екот на топлотниот бран, наредена евакуација на населението


Smoke and flames are seen during the Sparks Lake wildfire at Thompson-Nicola Regional District, British Columbia, Canada, June 29, 2021, in this image obtained via social media. BC WILDFIRE SERVICE via REUTERS

 Во западна Канада, каде веќе неколку дена владее топлотен бран, избувна шумски пожар, заради што е наредена евакуација на жителите на малиот град Литон, во провинцијата Британска Колумбија .

Градоначалникот Жан Полдерман издаде наредба за евакуација и изјави дека пожарот ја загрозува безбедноста на жителите на местото, што се наоѓа на повеќе од 150 километри северо-источно од Ванкувер.

-Се гори. По 15 минути од првиот пламен, насекаде се појави оган, рече Полдерман.

Противпожарната служба соопшти дека наредбата за евакуација е издадена еден час по избувнувањето на пожарот.

Патиштата се затворени, додека пожарникарите гаснат уште два шумски пожари во областа.

Во Литон вчера беше измерена температура од 39 степени Целзиусови, додека претходниот ден беа измерени рекордни 49,6 степени, по 47,9 во понеделникот и 46,1 во неделата.