Не може да се извадат пари од банкомат, ниту да се плати со картичка VISA и MasterCard

Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали


Граѓаните кои се корисници на платежни картички од попладнево не може да вршат трансакции, а не можат ниту да извадат пари од банкомат. Ова го споделуваат граѓани кои се револтирани од овој проблем.

МБА: Картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија
Од попладнево граѓаните не можат да извадат пари од банкомат, ниту да платат со картичка. Од Македонската банкарска асоцијација(МБА) излегоа со потврдно соопштение дека картичниот систем не функционира.

“Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.

Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите”, се вели во соопштението на МБА.

Тутунска банка признава дека се соочуваат со проблеми

Од Тутунска банка известија дека се соочуваат со технички проблеми и дека пари може да се извадат од шалтерите, но граѓаните реагираат дека таму редовите се километарски.

– Освен што не може да се плати со картичка, не функционираат банкоматите, ниту некој од операторите крева на телефон да објасни, вели револтиран скопјанец.

Со ваков проблем се соочиле и корисници од други банки. Засега нема официјално соопштение од надлежните за настанатиот проблем.

Најчесто банките работат до 16 часот, така што тие што немаат готовина најдобро е да oтрчаат во банка затоа што картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија. Проблемот не е домашен, па паника почна да се шири и кај нашите што се на одмор во Грција и не можат да си ги платат сметките.