Што се ни е потребно за 14 дена самоизолација?
Најлошото нешто што можете да го направите за време на глобалната пандемија е непотребно да складирате храна, средства за дезинфекција и козметички препарати за убавина во вашиот дом. Размислете за тоа – ако неколкумина ги купат сите средства за дезинфекција, како останатите ќе ја задржат хигиената на телото и просторот за живеење?
Во време кога коронавирусот се шири низ целиот свет, секој треба да има пристап до средства за дезинфекција, добар сапун и тоалетна хартија. Ако се најдете во двонеделна самоизолација, еве што навистина ќе ви треба.
Листа за пазарење
Средства за лична хигиена
– Средство за дезинфекција на површини кои честопати ги допираме во домот, како што се копчиња, славини, далечински управувачи, телефони и слично.
– Два сапуна ќе бидат доволни за да се изврши редовна хигиена на рацете. Честопати мијте ги рацете, особено пред јадење или кога планирате да го допре лицето.
– Пакет со 10 ролни тоалетна хартија ќе биде доволен за две недели самоизолација
– Исто така, купете паста за заби, средства за чистење на тушот и производи за чистење дома.
– Имајте една или две кутии парацетамол во вашиот дом или средство за намалување на висока температура. – Резервни батерии за далечински управувачи и други домашни уреди.
Конзервирана храна:
– Чувајте конзервирана храна како сардини, туна, грав и домати. Конзервираната храна има долг рок на траење и е лесна за чување. Но, не претерувајте. Целта е да имате доволно храна достапна за две недели, а не за цела година. – Гравот и леќата не заземаат многу простор во оставата,а имаат долг рок на траење и се одличен извор на протеини. – Не заборавајте на јаглехидрати во форма на сушени тестенини и ориз. Не претерувајте – проценете сами за тоа колку вие и вашето семејство може да јадете ориз и тестенини за 14 дена. – Еден килограм овесна каша ќе ви обезбеди важни хранливи материи за појадок во случај на самоизолација.
Исто така, чувајте неколку литри трајно млеко во оставата.
– Јаткатсто овошје како оревите се одличен извор на добри масти, како и калории. Во исто време, ова се здрави закуски, па затоа вреди да се имаат при рака.
Свежа храна
– Ако не можете без сирење земете едно парче, но подобро е да се набави тврд кашкавал со подолг рок на траење.
-Јаболката и портокалите се одлични извори на витамини и подолго стојат од другите овошја.
– Недозреано овошје зелени банани или авокадо би можеле да ве „спасат“ во втората недела на самоизолација кога копнеете за свежа храна.
Замрзната храна
– Ставете две до три кеси замрзнат зеленчук по желба во замрзнувачот.
– Исто така, направете мала залиха на месо и риба што можете да јадете за 14 дена.
– Не го заборавајте лебот. Замрзнете го и извадете го од замрзнувачот колку што е потребно. Чувајте го на овој начин што ќе трае две недели.