Што се емоционални вампири и како да ги препознаете?


Веројатно досега сте се сретнале со терминот енергетски вампир, а уште поверојатно и сте биле во присуство на некој таков. Тоа се луѓе кои од вас ја цицаат енергијата поради што по интеракција со нив чувствувате необјаснива непријатност сè додека не ја напуштат просторијата.

Ако со тие луѓе немате блиски односи, веројатно некако ќе ги преживеете повремените средби, но ако се дел од вашето семејство, брачен или деловен партнер, пријател тоа е малку потешко.

Што се енергетски вампири?

Ако мислевте дека вампири постојат само во хорор филмовите и во книгите, сте се излажале. Овие луѓе се хранат со вашата енергија, по интеракција со нив се чувствувате исцрпено, безвредно или преплавени сте со емоции. Неретко создаваат и чувство на вина.

Како да ги препознаете?

Тие постојано критикуваат, анализираат, вербално малтретираат, не оставаат простор за комуникација и меѓусебна размена на комуникација. Во сè се гледаат само себеси, своите потреби и проблеми. Тие знаат најдобро, а како вистински добротвори ќе ви понудат помош, но бидете спремни дека ќе ви побараат нешто за возврат. Често се шармантни, особено на почетокот на дружбата. Имаат преголемо его, сакаат драма. Постојано се жалат на сè и сешто, параноични се и нарцисоидни.

Поради хронична несигурност имаат постојана потреба за поддршка, многу се љубоморни и склони на манипулации.

Душевни вампири

Од сите енергетски вампири, можеби најлоши се оние кои ви ја „крадат душата“, бидеjќи по нивното цедење останува една голема празнина.

Емоционални вампири на работа

Со колегите минуваме 8 часа дневно, што значи дека подолго време минуваме со колегите, отколку со домашните. Затоа атмосферата на работа е многу важна, но факт е дека ние не ги бираме колегите на работа. Затоа, деловните соработници со особини на енергетски вампир можат да бидат причина за наше незадоволство, нерасположение, инсомнија. Можат да го загрозат нашето здравје, но и да ја намалат продуктивноста.

Затоа е важно да поставите јасни граници и да научите да кажете „не“.