Што облекоа ѕвездите на забавата на „Вог“ во Венеција?
Италија- По забавите на Армани и „Ванити Фер“, актери, модели и инфлуенсери беа меѓу гостите на забавата на филмскиот фестивал во Венеција на британскиот Вог.

Тематскиот настан „Vogue Darlings“ се одржа во саботата во традиционален венецијски ресторан.
Еден од најдобрите изгледи имаше актерот Тимоти Шаламе, кој се одлучи за целосно црн ансамбл. Тој со години го носи епитетот на најдобро облечен актер на филмската сцена.





