Што ќе може Ф-47, новиот американски борбен авион каков што светот досега не видел

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека Пентагон му доделува договор на Боинг за производство и одржување на борбен авион од шестата генерација, кој ќе се вика Ф-47.
Трамп го опиша новиот авион како „нешто што никој досега не го видел“.
На објавата на Белата куќа му претходеше жестока битка меѓу Боинг и Локхид Мартин за престижните права за изградба на авионот што ќе биде столбот на системот за воздушна доминација на следната генерација на Америка (NGAD).
„Ќе се вика Ф-47, генералите го избраа името“, рече претседателот Доналд Трамп.
За време на официјалното објавување во Овалната соба, Трамп покажа постер со првиот рендер на дизајнот на Ф-47, на кој се гледа напредниот труп и остро извлечените крила наназад, но не беа откриени дополнителни структурни детали.
Америка бара ново решение за Индо-Пацификот
Воздухопловните сили на САД бараат нов авион кој ќе има дострел, брзина и стелт способности потребни за ефективно да оперира над огромниот Индо-Пацифик и против најнапредните кинески вооружени системи, вклучувајќи ги сегашните и идните стелт-ловци и противвоздушни ракетни системи.
Ваквите барања диктираат перформанси што ги надминуваат вообичаените категории на борбени авиони, како што се ловци или бомбардери. Авионот на Боинг се очекува да достигне суперсонична брзина, можеби без вертикални контролни површини и да има голем труп способен внатрешно да го носи целото гориво, сензори и вооружување. Но, засега се е на ниво на шпекулации и што кажа Трамп на презентацијата на новиот Ф-47.
Засега нема официјални информации за спецификациите. Но, Вол Стрит Журнал напиша дека би требало да почне да се произведува околу 2030 година.
Дизајниран да се спротивстави на кинеските борбени авиони
Но, она што е познато е дека Ф-47 на Боинг ќе го наследи Ф-22 Раптор на Локхид, кој се смета за најдобар американски борбен авион и е во служба на воздухопловните сили веќе дваесет години. Во секој случај, се очекува Ф-47 да биде борбен авион од шестата генерација како одговор на борбените авиони на кинеската војска, кои наводно веќе тестирале прототипови на ловци од шестата генерација, додека користат петта генерација.
Авионите од петтата генерација (како што се F-22 и F-35) се карактеризираат со стелт технологија, напредна авионска опрема и мрежно војување, додека шестата генерација носи значително подобрени способности, вклучувајќи вештачка интелигенција, способност за летање без пилот, понапредни стелт технологии, поголем дострел, интеграција со потенцијално оружје со беспилотни возила.
WOAH. Trump just announced that a secret F-47 has been flying the skies for 5 years, launched in his first administration, and now ready for adoption by the U.S. Air Force.
It’s unmatched by any nation in the world.
The Commander-in-Chief is back. 🇺🇸 pic.twitter.com/f8kaD20P0A
— johnny maga (@_johnnymaga) March 21, 2025
Трамп: Леташе тајно пет години. Ниту една нација нема да има ваков авион
Трамп рече дека експерименталната верзија на Ф-47 летала во тајност речиси пет години. Тој рече дека авионот ќе има невидена брзина, маневрирање и носивост, како и мала видливост.
„Уверени сме дека во голема мера ги надминува можностите на која било друга нација“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека новиот борбен авион ќе биде опремен со „современи стелт технологии“, што ќе го направи „речиси невидлив“.
Трамп: Ќе ги намалиме капацитетите на Ф-47 за сојузниците
Трамп денеска изјави дека Русија се плаши од НАТО алијансата исклучиво поради учеството на САД. „НАТО беше готов додека не стигнав овде“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
„Претседателот Путин ќе ви каже дека без Соединетите Држави не би се грижел, но е загрижен кога САД се вклучени“, додаде тој. Тој исто така изјави дека претходните и сегашните генерални секретари на НАТО му рекле: „Да не беше Трамп, немаше да има НАТО, бидејќи ги плативме трошоците на речиси сите други земји“.
Трамп го изјави ова при објавувањето на новиот договор со Боинг за развој на најнапредниот американски борбен авион од шестата генерација, Ф-47. „Ништо на светот не може да му се доближи… Тоа е нешто што никој досега не го видел. Ф-47 ќе биде најсмртоносниот авион некогаш направен“, рече Трамп, додавајќи дека договорот со Боинг ќе биде вреден околу 20 милијарди долари.
„Не сакаме војна со Кина, но…
На прашањето за потенцијален конфликт со Кина, Трамп рече дека Америка е подготвена. „Ние не сакаме војна со Кина. Но, ако дојде, ние сме исклучително добро подготвени“, рече тој.
Тој ги отфрли информациите дека неговиот советник Илон Маск би бил запознат за плановите на САД за можна војна со Кина, нагласувајќи дека Маск „има бизнис во Кина“ и може да биде „ранлив на тоа“.
Трамп потврди дека ќе разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг за царините и дека има простор за флексибилност околу овие контроверзни мерки.
Трамп: „Можеби еден ден нема да бидат наши сојузници“
„Сојузниците постојано ни се јавуваат, сакаат да го купат Ф-47. Ќе ги намалиме малку можностите на авионите за сојузниците, за околу 10 проценти. Тоа има смисла бидејќи можеби еден ден тие повеќе нема да бидат наши сојузници“, рече тој.
Критичарите веќе ја доведуваат во прашање оправданоста за програмата Ф-47 бидејќи Пентагон сè уште има потешкотии да ја произведе сегашната генерација на авиони Ф-35, чии трошоци се проценуваат на повеќе од 1,7 билиони долари во текот на целата програма.
Трамп, исто така, вети дека ќе им плати прекувремена работа на астронаутите на НАСА, Суни Вилијамс и Буч Вилмор, откако тие непланирано поминаа дополнителни девет месеци на Меѓународната вселенска станица.
Кога еден новинар го предупредил дека астронаутите немаат право на прекувремена работа, Трамп одговорил: „Ако треба, ќе платам од свој џеб“.