Што ќе им се работници? Изграден 157 километри автопат во Кина, речиси без помош од луѓе (видео)


Кина го заврши автопатот со четири ленти долг 157,79 километри без речиси никаква човечка интервенција.

Овој автопат е дел од проширувањето на патот Пекинг-Хонг Конг-Макао, кој го поврзува Пекинг со Хебеј.

Проектот беше завршен во октомври, а беа употребени десет автономни возила (без возачи) за асфалтирање и нивелирање на коловозот широк 19,25 метри.

Ниту надзорот не им беше оставен на луѓето на терен – беспилотните летала беа тие што го проверуваа текот на работите, за да се уверат дека се исполнети сите утврдени параметри.

Овој пристап не само што ја подобри точноста и квалитетот на конструкцијата, велат Кинезите, туку и значително го намали времето на работна сила и придружните трошоци. Негативниот аспект на целиот процес е што луѓето изгледаат како да имаат една работа помалку.