Што ја изнервира српската амбасадорка на божикниот прием во Загреб?
Приемот го организира Српскиот национаолен совет, а амбасадорката го напушти кога беше прочитано едно писмо
Српската амбасадорка во Хрватска, Јелена Милиќ, го напушти традиционалниот прием на Српскиот национален совет (СНВ) за православниот Божик во Загреб и за РТЛ објасни дека тоа го сторила поради недоволната реакција на претставниците на СНВ за наводите во писмото на добитникот на првата награда.
Имено, писателката Јасминка Петровиќ и режисерот Радивоје Раша Андриќ, добитници на првата награда, преку писмо им се заблагодарија на младите во Србија, бидејќи „денес ги учат како да летаат и како да светат“, пишува „Нова.рс“.
Српскиот национален совет (СНВ) во понеделникот организираше традиционален свечен дочек за прославата на Божик според јулијанскиот календар со пораки за мир, толеранција и меѓусебно почитување.
На божикниот прием беа доделени и годишните награди на СНВ, наградата „Светозар Прибичевиќ“ за подобрување на хрватско-српските односи им беше доделена на Јасминка Петровиќ, српска писателка за деца и млади и Радивој Раша Андриќ, режисер и сценарист, а ги поврзува книгата и филмот „Летото кога научив да летам“ за „последиците во животите на некогаш големите и виталните хрватско-српски семејства“.
Јасминка Петровиќ и Раша Андриќ не присуствуваа на приемот во Загреб, но испратија благодарница која беше прочитана за време на приемот.
А според писмото на првонаградените што го објави Еуген Јаковчиќ од Српскиот национален совет на својот Фејсбук, првонаградените им се заблагодарија на децата, читателите и младите.
„Му благодариме на Српскиот национален совет што ја препозна пораката за простување и помирување во книгата и филмот ‘Летото кога научив да летам’.
Им благодариме на сите соработници, читатели и гледачи бидејќи ги споделуваат нашите верувања за слободата и љубовта. Благодарност до издавачот и продуцентот во Хрватска, бидејќи успехот на книгата и филмот не беше со половина срце. Успехот е комплетен само со нивната поддршка.
Им благодариме на децата низ регионот кои гледаат понатаму и се поубави од нас. И благодарност до младите во Србија кои деновиве нѐ учат како се лети и како се свети“ – Јасминка и Раша.
Но, на тоа писмо не ѝ се допадна на амбасадорката Јелена Милиќ, која поради тоа демонстративно го напушти приемот.
„Реакцијата на лидерот на СНВ на тоа писмо, во која се вели дека ви благодариме и дека се надеваме дека младите во Србија ќе не научат како се лета, за мене беше директна асоцијација со студентските блокади кои се моментално во Србија. Едноставно не ми се допадна како реагираше СНВ“, изјави Милиќ.
„Мора да разберете дека јас неодамна, пред неколку дена, напишав на мојот Фејсбук дека поддржувам кога младите стојат на плоштадите, не блокираат институции и кога бараат конкретна правда за неправдата. Но, надвор од тоа – блокади, нарекувајќи ја мојата земја тиранија, нарекувајќи го мојот претседател и врвот на државата убијци и слично, јас едноставно и апсолутно не го поддржувам тоа“, објасни амбасадорката.