Што е поздраво: Ова е разликата помеѓу црното и белото грозје


Покрај тоа што е слатко и вкусно, ова овошје носи многу придобивки за телото.

Без разлика дали претпочитате црно или бело грозје, можете да бидете сигурни дека ќе го освежите вашето тело и ќе го снабдите со потребните витамини и минерали, но што се однесува до науката, постојат разлики.

Бело грозје

100 г има 60 калории

0,6 г протеини

10 г шеќер

15,3 г јаглехидрати

Црното грозје е богато со антиоксидансот ресвератрол, кој е особено корисен за кардиоваскуларниот систем, поради што има предност во однос на белото грозје.

Неговата улога е да ги чисти крвните садови и да спречува згрутчување, а исто така има позитивен ефект врз менталните и другите мозочни функции и го намалува ризикот од мозочен удар.

Не ги фрлајте семките и лушпата

Лушпата и семките од црно грозје, кои се фрлаат при правење вино, се ризница на лековити состојки.

Од овој „отпад“, истражувачите на еден универзитет во Мадрид направија екстракт од GADF, исклучително богат со растителни влакна и антиоксиданси.

Доколку се додаде во дневната исхрана, овој екстракт од грозје може да го намали ризикот од срцеви удари за половина бидејќи го намалува крвниот притисок.

Кората на црното грозје содржи супстанции кои му даваат боја и вкус, па затоа е подобро кога оваа сорта е што е можно потемна.

Црното грозје е богато со калиум, манган, витамини Ц, Б1 и Б6, но е исто така богато со растителни влакна, калциум и железо.

Студиите покажаа дека црното грозје го зголемува нивото на мелатонин, хормон неопходен за добар сон.

Црно грозје

100 г има 54 калории

0,5 г протеини

13,5 г јаглехидрати

15,4 г шеќер

0,1 г масти

Белото грозје е добар извор на витамини А, Ц и К, како и на некои минерали, како што се калциум и железо, но во помала мера од потемните сорти.

Нутриционистите забележуваат дека ова овошје ги решава проблемите со варењето.