Штедачи бараат презакажување на рочиштето за Еуростандард банка, сакаат прво да се произнесе Уставниот суд


Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка, ќе побара ново одложување на рочиштето за банката во стечај, кое е закажано за утре во 10 часот. Целта е, како што велат, да се овозможи Уставниот судд да се произнессе зза иницијативаата каја тие ја имаат поднесено на 28 минатиот месец.
„Утре во 10 часот ќе се одржи првото претходно презакажано рочиште, на кое Здружението на оштетени штедачи ќе бара и официјално уште едно презакажување со цел да се даде доволно време на Уставниот суд да се произнесе позитивно во врска со поднесената иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки“, соопштија од Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка.
Со иницијативата е поднесено и посебно барање за изрекување привремена мерка со која се запираат од извршување сите подзаконски акти, како и сите поединечни дејствија што се превземени врз основа на наведениот член од Законот за банки, се до конечната одлука на Уставниот суд, додаваат од Здружението.
Првото рочиште во стечајната постапка беше закажано на 6 октомври. Од Здружението сметаат дека со примена на постојниот член од Законот за банки, доверителите на банката – физички лица кои имаат над 30 илјади евра, правни лица – депоненти и други доверители, ќе претрпат значителна штета или значително ќе им се отежне или оневозможи наплатата на нивните побарувања пријавени во стечајната постапка.