Шпанскиот амбасадор го пофали Мицкоски, чекал ред за чекирање како обичен граѓанин

Шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Сориано Ортиз, денеска преку објава на социјалната мрежа Икс изрази воодушевување од премиерот Христијан Мицкоски кој утринава, како што информира амбасадорот, на скопскиот аеродром ги минал сите формалности како и сите други патници.
Ортиз, кој чекал во редот за туристичко пријавување на лет за Истанбул, посведочил како премиерот на Македонија без никакви привилегии ја поминал контролата, чекал ред за чекирање и ги испочитувал сите процедури како и останатите патници.
„Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво!“, напиша амбасадорот.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција, соопшти претходно владината прес-служба.Мицкоски ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што ќе биде потпишана заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.
Овој Совет се основа со цел пр