Шпанија забележа најмал број мртви последниов месец

Шпанија денеска објави дека бројот на починати од корона вирусот е на најниско ниво во последниов месец – 288 во последниве 24 часа. Со тоа бројот на смртни случаи се искачи од 22.902 на 23.190.
Вкупниот број на инфицираните од корона вирусот сега e 207.634, што е за 1.729 повеќе. Бројката на излекуваните денеска денеска порасна за 3.024 и сега таа изнесува 98.732.