Шпанија ќе тестира четиридневна работна недела
Шпанија наскоро треба да го започне пробниот период од четиридневната работна недела предложена од партијата Мас Паис на почетокот на оваа година, и ако тестирањето помине како што треба и идејата целосно прифатена, Шпанија може да стане една од првите земји во светот што ќе примени таков систем.
Тестирањето на овој пилот проект ќе започне на есен, ќе трае три години, а во него ќе бидат вложени 50 милиони евра со цел да се овозможи тестирањето да помине со минимален ризик, пишува Гардијан.
Партијата Мас Паис се надева дека низ целата земја ќе се видат резултатите постигнати од шпанската компанија Делсол, чии работници веќе извесно време работат само четири дена во неделата.
„Јасно е дека начинот на работа предизвикува стрес кај луѓето, прекумерната работа ги заморува и сето тоа остава големи последици врз менталното здравје. Четиридневната недела би била добра за економијата, за работниците и за животната средина“, наведуваат од партијата.