Шпанија: Илјадници евакуирани, СМС предупредувања, луѓето ги врзуваат автомобилите за столбови
Шпанската агенција за цивилна заштита испрати предупредување преку СМС порака до провинцијата Малага
Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во шпанската област Коста дел Сол поради можноста од дополнителни поплави. Метео предупредувањето за областа се промени од жолто во црвено, а жителите беа предупредени на „екстремна опасност“.
Coches atados a farolas y avisos de emergencia en Málaga: Alerta roja por el peligro de la DANA #Malaga #DANA #DanaEspaña #Ceuta https://t.co/w9hSSOngW4 pic.twitter.com/TZBFELXsOk
— El Pueblo de Ceuta (@ElPueblodeCeuta) November 13, 2024
Издадено е црвено предупредување за екстремен ризик
Шпанската агенција за цивилна заштита преку СМС пораки испрати предупредување за тревога во провинцијата Малага.
– Активирано црвено предупредување. Екстремна опасност од врнежи. Бидете внимателни, избегнувајте патувања, се вели во предупредувањето испратено околу 22 часот.
Жителите на Малага се во страв по штетите предизвикани од поплавите во Валенсија, па многумина ги врзаа своите автомобили за светилки и ги завиткаа во пластика за да ја ограничат нивната изложеност на вода.
Andalucía suspende clases en Málaga y Granada y desaloja 3.000 vecinos de la ribera del Guadalhorce
Se esperan 120 litros acumulados en 12 horas (veremos cómo se reparten). En 1989 cayeron 130l en hora y media y la capital Malagueña se inundó. https://t.co/V6hp4VOmAc pic.twitter.com/AOzwSS4Dao— Water Hacker 💧🤓 (@WaterHacker) November 13, 2024
Училиштата затворени, илјадници луѓе се евакуирани од своите домови
Во многу области, по катастрофалните поплави во Валенсија, децата се вратија на училиште дури во понеделникот, а сега е најавено дека сите училишта во областа Коста дел Сол денеска ќе останат затворени. Почна и превентивната евакуација на околу 3.000 луѓе во близина на реката Гвадалхорсе. Оние кои немаат сместување со пријателите или семејството се привремено сместени во прифатилишта или спортски сали.
La gente está envolviendo sus coches en plástico por miedo a que llegue la DANA. Cosas que solo pueden pasar en España pic.twitter.com/4utyJyzUjn
— ceciarmy (@ceciarmy) November 12, 2024
Областа Коста дел Сол, вклучувајќи ги одморалиштата Марбела и Естепона, се очекува да го сноси најголемиот дел од невремето.
Con la Aviso Rojo por la DANA de AEMET en Malaga, la gente esta intentando que el agua no se lleve sus coches.
Este lo ha plastificado, le ha puesto peso a las ruedas y lo ha atado a una farola.
ESPAÑA ❤️ pic.twitter.com/WKCMpesr0R
— WONDER ARAN RHAENYRA 🖤🐉 🏳️🌈💚💜 (@tzantzi) November 12, 2024
Дожд се очекува околу 10 часот по локално време, но црвеното предупредување останува на сила до полноќ, пишува Дејли Мејл.
Веќе вчера попладне мештаните со даски ги затворија вратите од домовите и пред нив поставија вреќи со песок. Многу ограбуваа супермаркети за да набават храна. Така, некои производи, како што се шишиња со вода или месо, веќе не се достапни во продавниците во некои делови на Малага.
Дождот може да биде уште поопасен – уште има кал на теренот
Осум области во Шпанија вчера повторно беа ставени во состојба на готовност поради обилните врнежи од дожд, високите бранови и силниот ветер. Ова се случува само две недели откако во поплавите загинаа најмалку 214 луѓе.
Овој пат вакво силно невреме не очекува, но влијанието на дождот може да биде сериозно поради количеството кал што е веќе на теренот, како и поради лошата состојба на канализацијата.
Thousands evacuated in Costa del Sol as storm red alert is issued and officials warn 'extreme rainfall' could spark more floods https://t.co/NANukgHuTO pic.twitter.com/UA8UEnKw4G
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 13, 2024
Демонстрантите бараа оставки
Да потсетиме, на 29 октомври годишното количество дожд падна за помалку од осум часа. Ја уништи инфраструктурата, посевите и предизвика штета од десетици милијарди евра.
Научниците долго време предупредуваат дека ќе има се повеќе и повеќе бури кои се резултат на човековата активност: согорување на гас, нафта, јаглен и дрвја. Метеоролозите издадоа предупредувања неколку часа и денови пред поплавата, но политичарите не дејствуваа доволно брзо.
Поради новите временски услови, локалните медиуми јавуваат дека кралот Фелипе Шести наскоро ќе се врати на местото на поројните поплави, откако локалните жители го гаѓаа со кал и јајца за време на неговата посета на подрачјата погодени од поплавите минатата недела. Да потсетиме, за време на викендот повеќе од 100.000 демонстранти излегоа на улиците. Имаше и повици за оставка на лидерите на локалната самоуправа поради игнорирање на предупредувањата и блокирање на мерките за намалување на ризикот од нарушување на климата. Демонстрантите повикаа на оставка на шпанскиот премиер Педро Санчез, како и на шефот на регионот Валенсија, Карлос Мејсон. Тие се обвинети за небрежност и убиство од небрежност бидејќи предупредувањата до јавноста дојдоа предоцна.
A massive demonstration in Valencia is demanding Carlos Mazón’s resignation, protesting his handling of the catastrophic flooding in the region.pic.twitter.com/cBgv4LgfiS
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) November 9, 2024
ОН неодамна предупредија дека порастот на глобалните просечни температури се приближува до 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, што ќе го доведе светот до катастрофален пораст од 2,6-3,1 Целзиусови степени овој век, освен ако не дојде до итно и големо намалување на емисиите на стакленички гасови , пренесува The Guardian.